Земјата е опколена од магнетно поле, а кружните линии на магнетниот тек постојано се спуштаат во Северниот Пол и излегуваат од Јужниот. Јоносферата, диригент на електромагентен бранови оддалечена 100 километри од земјината површина, се состои од слој на електрични наелектризирани честички кои дејствуваат како штит од соларните ветрови.
Природните бранови се создадени како резултат од електричната активност во атмосферата. Тие се сметаат дека се предизвикани од повеќе грмотевици.
Овие нискофреквентните радиобранови се на фреквенција која е многу блиска со природната фреквенција на мозочните бранови кај луѓето. Ваквите радиобранови можат да бидат изманипулирани од страна на изумот на американски владини научници со користење на предавателот на Алјаска HAARP.
Можноста тие бранови да се користат за контрола на човечкиот ум, ХААРП го ставаат на прво место на потенцијалните трансмитери на радиобранови за масовна контрола на човештвото.
Последиците пак од долготрајната изложеност на луѓето на електромагнетно зрачење, доведуваат до појава на замор, нервоза, губиток на памтење, предизвикува катаракта, леукемија, вродени деформитети, рак и промени во мозокот.
Екстремно ниските фреквенции (до 10 херци), можат да се употребат за манипулација и рушење на менталните процеси и контрола на населението на далечина. Човечкиот мозок произведува електрични бранови чија фреквенција се движи помеѓу 0.5 и 25 херци.
Таканаречените алфа, бета, делта и тета фреквенции, се поврзани со состојбите на човечката свест. Концентрирана пулсна енергија може да го промени однесувањето на човекот. За да се емитираат радиобранови со многу ниска фреквенција, од околу 8 херци, би била потребна антена со должина од околу 20 000 километри.
На тој начин, тоа е невозможно, но доколку линиите на земјиното магнетно поле се искористат како виртуелни антени, со ХААРП и тоа станува возможно!
Во 1963 година, доктор Роберт Беј го истражил влијанието на надворешните магнетни полиња слични на оние со соларните магнетни бури.
Според неговото истражување во кое биле опфатени волонтери кои биле подложни на експерименти, 60 Hz електромагнетни бранови се доволни да вибрираат на истата фреквенција како човековиот мозок. Во Велика Британија пак 50 Hz електрична енергија се доволни за да влијае на триодната жлезда.
Доктор Андрија Пухариќ пак во 50-те до 60-те години открил дека лицето може да се чуствува добро со 7,83 Hz електромагнетни бранови, со 6,6 Hz пак кај човекот настанува депресија.
Тој заедно со доктор Беј создале опрема која ги мерела овие бранови и нивното влијание на мозокот. Најпрвин експриментирале на кучиња кои ги заспивале, а потоа и на мајмуни кои успевале да им влијаат на соновите преку оневозможување на каква било реакција на ушните тапанчиња.
Тие откриле нерв во јазикот кој можел да се користи за контрола на слушањето. Создале забен импант кој што можел да има контрола на умот и да ги слушне гласовите во главата.
Ваквите импланти во денешно време се потенки од влакното на косата и се вбризгуаат со вакцина. Истите циркулираат низ крвотокот и стигаат до мозокот. Постојат многубројни типови на импланти. На почетокот биле испитувани на затвореници во Јута, а еден од нив напишал во писмо дека откако му ги тргнале имплантите, тој во неговата глава продолжил да ги слуша звуците како еден вид на продолжено ехо.
Но, истите вели биле со толкава јачина како да имал слушалку на ушите. И Русија воопшто не застанува на технолошки план што се однесува до технологијата на ХААРП.
Денеска постојат напредни руски комјутери кои што можат да испратат гласови до направените имплантите и истите да формираат вештачки мисли, да манипулираат со населението, па некои од експертите велат дека кај лицето можат да предизвикаат и да го натераат да изврши самоубиство.
Сепак надежта умира последна и останува да се надеваме дека ваквите технолошки орудија сепак ќе се користат пред сè за заштита на човековата средина, преку санација на озонските дупки и чистењето на атмосферата од јаглерод моноксид и јаглерод диоксид, за превентивно делување и спречување на природни катастрофи и научно-технолошки развој на човештвото, од доменот на комуникациите и користењето на атмосферската енергија.