Германскиот голман, Силвио Хајнветер, демантира, дека ги нарекол македонските ракометари „банда на свињи“, велејќи дека тиражниот Билд, на својата интернет страница, во потрага по сензационализам, ги извлекол од контекст неговите зборови.
„Никогаш не би рекол такво нешто, ние сме професионалци и имам највисоко мислење за Македонците. Реков дека се борбени играчи, но изјавата ми е извртена, а новинарот сакал да стави сензационалистички наслов. Никогаш не би навредил друга репрезентација на таков начин“, изјави германскиот чувар на мрежата.
Имено, Силвио Хајнветер навистина го употребил изразот „Schweine-bande“, што во буквален превод значи „Банда од вепари (диви свињи)“, кое всушност има метафорично значење за „борбен тим“ и се користи во говорниот германски јазик.
Sportski.mk