Хакери јуриш: Google нуди 3 милиони долари ако некој го сруши Хроме


Google е толку сигурни во безбедноста на оперативен систем  Chrome што нуди 3.141.590 за оној кој успешно ќе го пробие системот.

Google-CashНа овогодинешниот натпревар на хакери „Pwnium“ наградата е алузија на бројот „пи“ кој илијадници години ги интригира математичарите.

Претходно овој гигант нудеше награда од милион, па подоцна од 2 милиони долари за секој оној кој ќе успее да го пробие системот.

Најверојатно е дека неколку хакери во еден момент ќе успеат да го нарушат системот и така ќе заработат по 100 000 долари секој или по 150 000 доколку нивниот „напад“ го преживее и рестартирањето на системот.

За да биде наградата исплатена, хакерот мора да нападне преку интернет на основниот модел на Samsung 550 Chromebook со Wi-Fi конекција.

„Веруваме дека оваа голема награда претставува предизвик  голем колку што е оперативниот систем Хром во споредба со традиционалните оперативни системи,” изјави Крис Еванс, Google Chrome инвеститор.

Претходните натпревари CanSecWest 2012 и  Hack in the Box беа фокусирани на рушење на пребарувачот, но не и на истоимениот оперативен систем.

money-money-money-300x245Pwnium почна минатата година како алтернатива на  натпреварот Pwn2Own. За некои комерцијални хакери кои ги продаваат своите тајни на најголемите играчи во светот на технологијата оваа проемена е добредојдена, бидејќи Pwn2Own ги промени правилата , така да хакерите веќе не мораат да ги демонстрираат своите методи.

На овој натпревар, натпреварувачите можат да го скријат својот вистински идентитет. Еден тинејџер кој се претставува како Pinkie Pie секоја година освојува по 60 000 долари. Иако оперативниот систем  Google Chrome се нарекува најсигурниот систем на пазарот, неговиот удел е толку мал, што сеуште не се сретнал со вистински тест.

Извор – Факултети.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1