Рејчел Хидман, студентка на англиски јазик од Глазгов, го понела лаптопот во бањата како би гледала филм додека се опушта во кадата. Во еден момент забележала дека се вклучила камерата на компјутерот.
– Помислата дека во така интимен момент некој може да ме гледа беше застрашувачка, вели таа.
Ова е само еден од случаите на таканаречениот „ратинг“: хакери испраќаат вирус кој им овозможува пристап до компјутерот на одредено лице, без негово знаење. Потоа, ја вклучуваат веб-камерата (која обично е вградена во повеќето лаптопи) и ја набљудуваат жртвата во најинтимните моменти.
Како што покажала истрагата на радиото на Би-Би-Си „5 лајв“, оваа забранета пракса е толку раширена, што дури постои и профитабилен подземен пазар кој за парична надохнада од неколку фунти им овозможува на клиентите да ја набљудуваат жртвата. Што е уште пострашно, педофилите ја користат оваа техника да набљудуваат малолетни деца.
Се што им треба на хакерите е да инсталирате некој од програмите кои упорно ви ги ставаат под нос и со тоа програмот е веќе во вашиот компјутер.