Хан: ЕУ ќе им помага на Македонија и Србија, тие се жртви на мигрантската криза


Европската унија ќе им помага на земјите од Западен Балкан, на Македонија и Србија – кои се жртви на мигрантската криза, порача еврокомесарот Хан пред денешниот состанок на Советот. Министрите за внатрешни работи на Европската Унија договорија да прифатат 120 илјади бегалци од Италија и Грција. Чешка, Словачка, Унгарија и Романија беа против, финскиот министер – воздржан.han

„Накусо три нешта се важни: прво, формиравме фонд за европските земји којшто во првата фаза ќе достигне до 500 милиони, но со натамошни напори на земјите- членки се надеваме и на милијарда евра. Второ, поддршката за Турција. Претпристапниот фонд ќе се прераспредели, и ако Турција се согласи ние сме подготвени да доделиме една милијарда евра, во наредните две години за справување со предизвиците. И трето, ги повикувам  сите земји од Западниот Балкан да бидат хумани и да не ги затвораат граничните премини зашто тоа и штети на регионалната економија. И се разбира и натаму ќе ги помагаме Македонија и Србија. Уште еднаш ќе нагласам ова не е нивен проблем, тие се само жртви на настанатата состојба“, изјави евркомесарот Јоханес Хан.

За Европската Унија клучна улога за справување со бегалците има Турција. На денешниот итен состанок во Брисел, Европската Комисија го зголеми буџетот за прифаќање мигранти во ЕУ, за Турција, со натамошна поддршка во пари и опрема за Македонија и Србија.

„Главната одлука денеска е дека ја зголемуваме финансиската помош за бегалците и оваа одлука ќе ја пренесам на денешниот Европски Совет. Овој фонд ќе се применува преку одредени агеции, генерално преку програмата за храна и преку УНХЦР. Формиравме и фондови за Сирија и за Африка“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Федерика Могерини.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1