Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ќе се обиде да ја убеди опозициската СДСМ да учествува на изборите. Затоа во февруари повторно ќе дојде во Скопје со план од три точки, најавуваат од неговиот кабинет во Брисел за Нова тв.
Хан бил зачуден и што СДСМ не инсистира на реформите што ги содржи извештајот на Прибе и на кои инсистира ЕК Но Европската Комисија е свесна за ризиците на кои е изложена Македонија и затоа го испраќа Хан во Скопје во нова мисија. Според Нова, тој ќе се обиде да издејствува да се одржат избори кои ќе бидат кредибилни. Неговиот план предвидува :
- Целосно прочистен избирачки список и зајакната државна изборна комисија
- Непречен пристап на опозициските партии до сите медиуми и набљудувачи на СДСМ во Агенцијата за аудио-визуелни медиуми
- Проверка на подготовките на изборите од ЕУ, ОДИХР и НВО