Во Русија „геј“ парови ќе одат во затвор ако се бакнуваат на јавно место


Рускиот парламент ќе расправа за забрана на јавно истакнување на наклонетост меѓу хомосексуалците. Ако биде усвоен предлог-законот сите хомосексуални парови во земјата ќе се соочат со казна затвор две недели доколку се бакнуваат или држат за рака на јавни места.RUSIJA-putin gej

Предлог-законот кој неделава треба да се гласа во Думата, предвиду воведување забрана за сите јавни искажувања наклонетост меѓу хомосексуалците во земјата – што значи дека бакнувањето, па дури и држењето за раце ќе може да доведат до парична казна или казна затвор во траење од две недели.

Овој потег е најнов напад врз правата на ЛГБТ заедницата во Русија. Во 2013 година рускиот парламент го усвои контроверзниот закон со кој ја забрани „геј-пропагандата“ со образложение дека сите јавни изјави, написи или демонстрации со кои хомосексуалните односи се изедначуваат со хетеросексуалните може да влијааат на децата.

„Хомосексуалноста е огромна закана за секој нормален човек, што може да влијае на нашите деца или внуци “, вели Иван Никитчук, пртаеник на Комунистичката партија кој го подготви нацрт-законот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1