Русија: На Водици се капат на -30 мислејќи дека ќе ги искупат гревовите


На повеќе од 3,500 места ширум земјата и оваа година верниците ќе го разбиваат мразот на реките и езерата за да го извршат ритуалот на капење во замрзната вода. На денешниот празник, Русите три пати вледуваат во водата , мислејќи дека се очистуваат од гревовите.  На 18ти јануари, денот пред Водици тие постат.vodici 2

Денот пред Водици тие го нарекуваат “Сочељник”  и тој ден во сите православни цркви се осветуваат водите. По богослужбата свештениците вршат обреди на реките и езерата. Капењето во осветените води се практикува од времето кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан.

Бидејќи овој период од годината речиси секаде водите замрзнуваат, се прават ооблици на крстови во водите и три пати се повторува молитвата, се прекрстуваат и влгегуваат во вода за да се избават од моралните и физичките гревови. На тој начин го гарантираат и нивното здравје.

Иако звучи невозможно, до сега не е забележан ниту еден случај да се разболи некој после капење во замрзната  вода на Водици. Но, лекарите традиционално предупредуваат капењето во замрзнатата вода.

Според некои руски медиуми, српскиот режисер Емир Костурица, во текот на посетата во Тјумен пред две години се капел во замрзнатата вода за Водици. Таму бил со своите пријатели .

Инаку, на сите места каде се одржува капењето, обезбедени се локации на кои верниците може после капење да се затоплат во топли простории и да испијат чај.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1