Франција прогласи економска вонредна состојба


Францускиот претседател Фрасоа Оланд прогласи економска вонредна состојба и изјави дека е време да се редефинира францускиот економски и социјален модел, објави „Фајненшл тајмс“.fransoa oland

Тој предложи серија економски мерки во годишното обраќање пред бизнис елитата, која би требало да го поттурне растот на француската економија, која веќе подолго време е во стагнација и помогне при намалувањето на хроничната невработеност.

Оланд ја нагласи итноста од унапредувањето на францускиот бизнис модел, кој е насочен пријателски кон работната сила, согласно брзорастечката, високо глобализирана и онлајн економија.

Мерките подразбираат скусување на одредени привилегии на вработените со цел компаниите да се охрабрат да вработуваат, како и обука за половина милион работници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1