Според информациите на порталот Мкд.мк, Чкембарите кршеле автомобили со скопски регистарски таблички низ градот, а потоа и се судриле со полицијата, која ја нападнале со камења и други тврди предмети. Полицијата одговорила на нападот, па од инцидентот има повредени и навивачи и припадници на полицијата.
Дербито на стадионот „Тумбе кафе“ мина мирно пред се и поради неприсуството на навивачите на Вардар, Комитите, кои поради одложувањето на дербито за денеска се откажаа од организирано гостување во Битола, иако за неделата кога првично требаше да се игра мечот подготвуваа инвазија со над илјада приврзаници на црвено-црните.
Извор – МКД.МК