Хаос во Босна – запален и Aрхивот, изгореа материјали од непроценлива вредност (Видео)


Директорот на Архивот на Босна и Херцеговина, Шабан Захировиќ потврди дека е запалена зградата на оваа институција.

Во зградата се наоѓаат материјали од австроунгарскиот период кои се од непроценлива вредност.

bosnaОсвен во Тузла, судирите меѓу демонстрантите и полицијата се прошириле и во другите градови во БиХ. Во Сараево полицијата употребила солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите, во Зеница е запалена зградата на кантоналната Влада, а протести се одржуваат и во Бихаќ, Јајце и други градови.

Во Сараево поголема група граѓани нападнале кордон на специјалната полиција пред зградата на Владата, употребени се гумени куршуми и солзавец, а неколку демонстранти се повредени и уапсени, додека улиците се блокирани. Како што пренесува агенцијата БТА, демонстрантите успеале да влезат во зградата на Владата, по што полицијата целосно се повлекла. Запалена е и зградата на Претседателството на Бих, пет возила, свечениот влез во зградата на Владата на кантонот Сараево, како и полициската куќичка пред институцијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1