ХАОС ВО ГРЦИЈА: Празни полици во продавниците, редови на бензиските


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој во текот на викендов изненадно ги прекина преговорите за новиот реформски пакет и повика на референдум, во неделата вечерта на јавна телевизија ги објави мерките за контрола на прометот на капител како би спречил колапс на банките. Банките ќе останат затворени до 6. јули, а повлекувањето средства од банкоматите ќе биде ограничено на најмногу 60 евра, објави Владата.prazni-polici

Воведувањето на тие мерки беше врв на драматичниот викенд кој Грција би можел да ја турне во банкрот, бидејќи најверојатно нема да може да ја плати ратата во износ од 1,6 милијарди евра.

Грците, кои веќе со месеци внимателно ги следат исцрпувачките преговори помеѓу Владата и доверителите, се обидуваат да се привикнат на новата ситуација и се надеваат дека ќе биде постигнат договор.kriza_thumb_medium500_282

Граѓаните, во страв од раст на цените, побрзаа во продавниците како би создале залихи од храна и останати намирници.

Исто така, Грците во паника создадоа долги редови пред банкоматите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1