Хаос во Хамбург: Горат автомобили, Меланија не може да излезе од хотел (ВИДЕО)


Во германскиот град Хамбург продолжуваат нередите поради самитот Г20. Повредени се 159 полицајци, 45 луѓе се уапсени, пренесуваат германските медиуми.

Полицијата со водени топови се борела против бесната маса.

Исто така, демонстрантите кои се противат на глобализацијата денес го блокирале хотелот во кој се наоѓа првата дама на САД, Меланија Трамп, па таа не може да им се приклучи на сопругите на другите лидери на Г20 и сопругот на германската канцеларка во дружењето на маргините на самитот, пренесува AP.

Агенцијата наведува дека портпаролката на Меланија, Стефани Гришам, соопштила дека хамбуршката полиција не успеала да го расчисти патот за сопругата на американскиот претседател, која е сместена во хотелот за гости на германската влада.

По вчерашните протести и судири со насилните демонстранти, демонстрациите продолжиле и утрово во околу 7 часот, со цел да се поремети доаѓањето на делегациите на официјалното отворање на самитот, пишува France Presse.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1