Хаос во Косово: Уапсен градоначалникот на Приштина – протести на улиците (Видео)


Хаос на улиците во Приштина. Над 1.000 активисти на Самоопределување се собраа протестирајќи поради изјавата на министерот во Владата на Косово, Александар Јаблановиќ и барајќи рудникот Трепча да остане јавно претријатие.

Како што пишуваат српските медиуми, за време на насилните протести уапсени се 27 демонстранти, а повредени се 32 лица. Меѓу уапсените е и градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети.kosovo apsenje

Демонстрантите, кои се предводени од опозоцоското движење „Самоопределување“ бараат итна оставка на министерот Јаблановиќ и бараат Трепча да остане во сопственост на државата на што се противат Владата на Србија и политичките претставници на Србите во Косово.

Косовската претседателка Атифете Јахјага упати апел до учесниците во протестите да не ја напаѓаат полицијата и да се разотидат. Според Јахјага, хаотичната и насилна состојба по улиците на Приштина е целосно неприфатлива.haos pristina

– Апелирам за смиреност и враќање на редот по улиците и плоштадите на главниот град. Апелирам до демонстрантите кои сè уште се по улиците на Приштина мирно да се разотидат и да не ја напаѓаат полицијата, институција одговорна за зачувување на редот и спроведување на законот, како и безбедноста на секој граѓанин во земјата. Тоа е нашата полиција – наведува Јахјага.

Големи полициски сили сè уште ги обезбедуваат државните инситуции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1