Хаос во Министерството за внатрешни работи. Вечерва стигнала телеграма до сите вработени во МВР во која новиот технички министер Оливер Спасовски, спротивно на Законот за Влада усогласен во клубот на пратениците ги одзема сите овластувања, пишува Прес24
Со тоа Спасовски практично од вечерва целосно го парализираше Министерството.
Ваков чекор, извори од МВР велат дека не е сторен во изминативе 20 години. Тоа значи дека дури и на управните служби им се повлечени овластувањата. Практично се доведува во прашање целокупното функционирање на МВР.