Хаос во салата „Јане Сандански“ – најдебелиот крај го извлече полицијата


Голем хаос вчера се случил во спортскиот центар „ Јане Сандаски“, нападнати двајца полицајци и еден од обезбедувањето. Како што информира полицијата, вчера околу 17:45 часот во Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“, на влезот од салата, за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на кошаркарските клубови „МЗТ-Скопје“ и „Работнички“, Ј.Б. (24) и А.Д. (33), двајцата од Скопје физички го нападнале С.Н., вработен во агенција за обезбедување кој вршел службени дејствија како обезбедување на натпреварот, при што му нанеле телесни повреди. При интервенција на полициски службеници, биле нападнати и двајца полицајци, по што напаѓачите се приведени во полициска станица. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1