Само два дена откако воз налета на експлозив во Загреб, синоќа одекнаа повеќе експлозии. Едно лице е повредено, но нема опасност по неговиот живот, јавија хрватските медиуми.На полноќ експлодирала бомба во дел од градот кој се нарекува Стењевац, а потоа одекнале уште три детонации. Едно лице е повредено и превезено во болница, а на загрепските улиици се наоѓаат пожарникари, полиција и специјални единици.
Детонацијата се случи во 12 часот по полноќ. Излегов на терасата, но не видов ништо, вели еден очевидец за Дневник.хр кој додава дека сликата била грозна и дека се се тресело во нивниот дом.
Друг очевидец вели дека подоцна во 1:25 одекнала уште една експлозија, која била многу јака.
Експлозиите се случиле во близина на автобуската станица.Во моментот на местото е вистинсхи хаос, јави хрватскиот портал Индекс.
Полицијата го пренасочува движењето во тој дел на градот. Полицајци со автомати ги запираат и претресуваат сите автомобили кај железничката станица Подсусед.
-Денешните експлозии не можеме засега да ги поврземе со оние од пред два дена. По дојавата за експлозијата, очевидците ни јавија дека веднаш од местото заминал бел автомобил.
Полицијата трага по него, поради што сообраќајот е затворен. Не се знае дали тој автомобил имал некаква врска со детонациите, изјавуваат од тамошната полиција.