Косовскатата полиција соопшти дека премиерот на Косово, Рамуш Харадинај повеќе не е на листата на лица по кои Интерпол има распишано меѓународна потерница. Според полицијата, од списокот на Меѓународнатаорганизација за криминалистичка полиција се избришани вкупно 18 лица кои ги бара Србија.Електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“ наведува дека овој чекор следи веднаш по посетата на седиштето на Интерпол во Лион на косовскиот министер за внатрешни работи Фљамур Сефај и директорот на полицијата Шпенд Манџуни.
Се уште не се знае што разговарале таму, но веднаш по нивниот престој од листата на Интерпол се отсранети 18 лица, меѓу кои и Харадинај, наведува „Експрес“.