Некогаш им помагал на луѓето без покрив над главата, денеска и самиот ја живее истата судбина. 50-годишниот Хари Метовски е еден од штитениците на пунктот за бездомници во Момин поток што и овој Божиќ нема да биде покрај семејството,пишува Канал5 .
50 годишниот Хари во 90 -те години бил волонтер на Црвениот Крст за време на војната во Југославија кога многу бегалци дојдоа во Македонија.
Тогаш не ни помислувал дека ќе доживее слична судбина. И тој по две децении да биде бездомник. Фамилијарни недоразбирања го донеле во новиот дом улицата.
Тој заедно со бездомниците во пунктот за бездомници денеска добија донација од градот Скопје, Црвениот Крст и болницата „Неуромедика“, вреќа за спиење и зимска облека.
Хари е благодарен на пунктот што добива грижа. Свесен дека многу луѓе го осудуваат кога ќе го видат, но не бега од работа, секој ден бара начин да заработи за леб. За него празниците се за со фамилијата, тој како да је нема. Нова Година и Божиќ ќе ја помина со пријателите од пунктот.
Видео – Канал 5