Потпретседателката на САД и демократска кандидатка на изборите, Камала Харис, не успеа да и’ обезбеди победа на својата партија, и се огласи по поразот.
Истакна дека е горда на борбата и како таа се водеше, но и дека нема да се откаже од неа.
„Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата што ја водев во кампањата. Борбата за слобода, правда… Тоа е борба од која никогаш нема да се откажам. Никогаш нема да се откажам од фактот дека Американците можат да ги остварат своите аспирации, во Америка каде жените имаат избори, во која училиштата и улиците се заштитени од оружено насилство“, рече таа.
Соопшти дека демократите ќе се придржуваат до принципот на мирен трансфер на власта.
„Ова ја разликува демократијата од монархијата и тиранијата. Не му должиме лојалност на претседателот и партијата, туку на американскиот Устав“, рече таа.
Камала претходно му се јави на Трамп на телефон и му ја честиташе изборната победа. Според нејзиниот висок функционер, таа разговарала за важноста на мирен трансфер на власта и статусот на претседател за сите Американци.