Хашкиот осуденик за Сребреница Здравко Толимир почина во хашкиот притвор


Генералот на Војската на Република Српска, Здравко Толимир, осуден на доживoтен затвор поради злосторства во Сребреница, починал во понеделникот навечер во притворот на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна Југославија, потврди во вторникот за Радио-телевизија Србија (РТС), претседателот за соработка со Хашкиот трибунал, Расим Љајиќ.zdravko tolimir

Засега не се објавени повеќе детали и околностите за смртта на генералот на босанските Срби во текот на војната во Босна и Херцеговина во средината на 1990-те.

На Здравко Толимир во април 2015 година од Жалбениот совет на Хашкиот трибунал му беше потврдена пресудата на доживотен затвор поради злосторства извршени над Бошњаци од Сребреница во летото 1995 година.

Толимир во текот на војната во БиХ беше помошник за разузнавачко-безбедносни работ на командантот на Војската на Република Српска, генералот Ратко Младиќ, кому во Хаг му се суди по обвинението за истите злосторство.

Пресудата за Толимир беше донесена на основа за командна одговорност, а во првостепената пресуда беше наведено дека е прогласен виновен за геноцид, здружување поради извршување геноцид, истребување, убиства, прогон и присилно преместување на муслиманите од Сребреница и Жепа од јули до ноември 1995 година.

Генералот Толимир во пресудата е опишан како „десната рака, очите и ушите“ на тогашниот командант Ратко Младиќ. Процесот против него беше покренат во 2005 година, уапсен беше на 31-ви мај 2007 година, а судењето започна на 26-ти февруари 2010 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1