Ученик повреден со нож во тепачка во „Зеф Љуш Марку“


Во училишниот двор на СУГС „Зеф Љуш Марку“ во Скопје вчера околу 09.45 часот дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две групи на ученици.g_noz

Од една страна биле тројца малолетници од Скопје и еден малолетник од Гостивар, додека од друга страна биле четири малолетни лица од скопското село Батинци.

Во тепачката, соопшти денеска МВР, малолетниците си размениле по неколу удари со тупаници и клоци, а во еден момент лице од втората група извадило нож и четири пати во пределот на главата со сечивото удрил ученик од првата група при што му нанел видлива телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1