Хаварија на Руското небо: Исчезнала моќната ракета на Путин


Руската ракета која која го носеше мексичкиот сателит се урна во Сибир брзо по полетувањето, соопшти Руската федерална вселенска агенција Роскосмос.Во соопштението стои дека дошло до дефект и дека е во тек истрага како дошло до тоа, бе зда се прецизира каде точно паднала ракетата.

Руската ракета од типот Протон-М, која носела мексикански комуникациски сателит, најверојатно исчезнала само неколку минути после лансирањето.raketa rusija

– Не знаеме за што точно се работи, но веројатно отпаѓањето на третиот дел од ракетата не течел според плановите, наведува неименуван извор од вселенската агенција.

Според друг извор пак, контролата над летот на ракетата бил изгубен 498 секунди после лансирањето.

– Според првичните информации третиот дел од ракетата и мексиканскиот сателит веројатно паднале во рускиот регион Чита. Министерството за вонредни состојби е опоменат – наведува извор од агенцијата Interfax.

Ракетата Протон-М утрото беше лансирана од космондромот Бајконур во Казахстан. Постои загриженост за тони токсичен отпад, кој можеби експлодирал кога се урнала ракетата.

MexSat-1, сателит тежок 5.4 тони го произвел Boeing Satellite Systems, по барање на мексиканската влада.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1