Хаварија во Турција: Се прелеа вештачко езеро, 5 лица загинаа


Пет лица загинаа, еден се смета за исчезнат, а шестмина се повредени при прелевање на водите од вештачка акумулација во округот Сиирт, во југоисточна Турција, соопшти електронското издание на турскиот весник „Миллиет“.

turcijaЗагинатите и повредените биле на пикник во близина на браната на вештачкото езеро, иако им било забрането да влегуваат во реонот.

Инцидентот се случил вчера околу 18 часот, кога почнале да свират сирените и била испуштена вода од вештачката акумулација.

Во реонот на инцидентот се испратени многу спасувачки екипи, кои од водата во езерото успеале да извадат шест лица. Шестмината се префрлени во болница.

Пет лица, меѓу кои три деца, меѓутоа, се удавиле. И натаму трае потрагата по едно лице кое се смета за исчезнато.

Компанијата што управува со вештачката акумулација соопшти дека работата се одвивала со вообичаениот режим, немало никаква хаварија, туку била извршена рутинска процедура за испуштање на водата од акумулацијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1