Хавиер Солана заразен од коронавирусот, хоспитализиран е во Мадрид


Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, е примен во болница откако бил позитивен на тестот за коронавирус, пренесе Ројтерс.

Аутор: א (Aleph) – Сопствено дело, CC BY-SA 2.5, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=2198427

Извори на агенцијата тврдат дека здравствената состојба му се подобрува, но дека од претпазливост и натаму е под лекарски надзор.

Инаку, дневниот шпански весник AБЦ вчера прв објави дека Солана во средата бил хоспитализиран во Мадрид.

Солана (77) беше генерален секретар на НАТО од 1995 до 1999 година. Потоа, до 2009 г. беше шеф на дипломатијата на ЕУ или Висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Унијата. Претходно, од 1992 до 1995 година беше шеф на шпанската диполоматија.

Тој во понеделникот присуствувал на настан кој го организирала актуелната министерка за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1