19 годишниот Роман Пирожек Јуниор го обожувал своето хоби – и со денови надвор го управувал својот хеликоптер-играчка на далечинско управување. Токму неговата омилена играчка го чинеше живот.
Поради засега неразјаснети причини играчката хеликоптер ја изгубил рамнотежата и не реагирал на командите – одел во правец на момчето со голема брзина и му ја отсекол главата.
Несреќата се случила во парк во Њујорк и иако многу случајни минувачи се стрчале да помогнат и веднаш повикале брза помош, на момчето му немало спас. На несреќата присуствувал и таткото на момчето кој е хоспитализиран поради шокот кои го доживеал.
Ова видео е поставено на youtube на кое е снимено како момчето управува со својот хеликоптер и на кое се гледа какви акробации правел со него. Последната фотографија е од искршениот хеликоптер по несреќата.