Пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа во бразилската држава Сао Паоло, пренесе ТАСС, повикувајќи се на полицијата.
Во хеликоптерот патувало семејство на бизнисмен, кој во болница во Сао Паоло го пренесувал своето двегодишно дете, кое имало висока температура. Семејството, кое божикните празници ги минувало во рисорт на океанското крајбрежје, го изнајмило хеликоптерот.
Од засега непознати причини пилотот ја загубил контролата врз управувањето со леталото, а машината се урнала на земјата само на пет километри од местото на полетувањето и веднаш се запалила.
Сите патници во хеликоптерот загинале. Полицијата отвори истрага за случајот.