Хеликоптер се урнал превезувајќи двегодишно болно дете


Пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа во бразилската држава Сао Паоло, пренесе ТАСС, повикувајќи се на полицијата.

saopaolo

Во хеликоптерот патувало семејство на бизнисмен, кој во болница во Сао Паоло го пренесувал своето двегодишно дете, кое имало  висока температура. Семејството, кое божикните празници ги минувало во рисорт на океанското крајбрежје, го изнајмило хеликоптерот.

Од засега непознати причини пилотот ја загубил контролата врз управувањето со леталото, а машината се урнала на земјата само на пет километри од местото на полетувањето и веднаш се запалила.

Сите патници во хеликоптерот загинале. Полицијата отвори истрага за случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1