„Хербалајф“ и Федерална комисија за трговија постигнаа договор за спогодба


Глобалната нутриционистичка компанија Herbalife Ltd. (скратено, HLF) („Herbalife“ или „Компанијата“) објави дека постигнале договор за спогодба со Федералната комисија за трговија („ФКТ“ или „Комисијата“) и со тоа ја затворија повеќегодишната истрага на компанијата од страна на ФКТ.RT_herbalife_jtm_140312_16x9_992

Одредбите од спогодбата не го променуваат бизнис моделот на Herbalife како компанија за директна продажба и поставуваат нови стандарди за индустријата. Со договорот за спогодба, кој беше објавен денеска, се завршува истрагата врз Herbalife од страна на ФКТ. Herbalife и државниот обвинител на Илиноис исто така постигнаа договор за спогодба и Компанијата се согласи да исплати 3 милиони УСД како дел од оваа одделна спогодба.

Со затворањето на истрагата во Илиноис, Компанијата нема податоци за какви било други активни истраги од каков бил друг државен обвинител на сојузна држава во САД. „Спогодбата е признание дека нашиот бизнис модел е издржан и ја истакнува нашата доверба во нашите способности успешно да продолжиме понатаму, во спротивно немаше да се согласиме со одредбите,“ изјави Мајкл О. Џонсон, претседавач и генерален извршен директор на Herbalife.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1