Трагедија во Кичево: Почина момче, му се слошило во кафеана


Дваесест и седум годишниот С.К. од Кичево починал синоќа во медицинскиот центар во Кичево.soobrakajka - brza pomos

Од полицијата денес информираат дека околу полноќ тој бил донесен во болницата поради влошена здравствена состојба, но и покрај укажаната лекарска помош, момчето починало.

Тој бил во угостителски објект кога одеднаш му се слошило, па од страна на присутните и вработените веднаш бил однесен во болницата.

Причините за смртта не се познати, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1