Хичкок во Белград – чавки напаѓаат луѓе!


Кршат гранки, се залетуваат во луѓе, гребаат, клоцаат, испуштаат гласни крикови, напаѓаат дури и мачки… Експертите велат дека така си ги штитат своите млади.

Vrane1Тоа, како што пишува српски телеграф, не е само опис на сцените од филмот „Птици“ на Алфред Хичкок, туку ужасна реалност со која деновиве се соочуваат белграѓаните. Имено, во изминативе денови, во Белград сивите чавки напаѓаат луѓе на улици, во паркови, на шеталишта.

– Одев низ улица и наеднаш почувствував удар во главата. Знаев дека е птица бидејќи ги слушнав крилјата. Помислив дека е случајно, но тогаш птицата повторно ме нападна. Неколку пати по ред ме удри со клунот во главата, врескајќи и мавтајќи со крилјата – раскажала една белграѓанка која додала дека морала да најде гранка за да се одбрани од птицата.

– Веднаш ми текна на филмот на Хичкок. Многу се исплашив. Чавките како да ги фати некакво лудило – додала таа.

Откако бројни граѓани се пожалиле кај надлежните, експертите излегоа со апел до белграѓани – кога се на отворено, задолжително да носат шапки, но и со објаснување – птиците не сакаат да им наштетат, само ги штитат своите млади.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1