Промена на временската зона, но и на календарот – бараат камионџиите


Промената на стрелките на часовникот позитивно ќе се одрази врз транспортниот сектор. Од Макамтранс за Сител велат дека за камионџиите многу позначајно е ако се во иста временска зона со соседите наместо со далечните Европски земји.

Time-changesПроблем според претседателот на асоцијацијата на превозниците, Билјана Муратовска, предизвикува сметањето на времето од страна на црквата која сеуште го користи стариот календар додека цела Европа и поголемиот дел од земјите околу нас, верските празници ги слават по новиот календар.

Во шпицот на трговијата и размената на стока, тие не возат цел месец бидејќи еден ист празник двапати го одмарат.

По објавата на Сител за владината иницијатива за промена на сметањето на времето, бизнис заедницата со длабоки анализи за влијанието врз работењето на компаниите. Истите ќе треба да ги достават до министерството за економија до 15 јуни.

Освен транспортерите и социолозите веќе јавно се изјаснија. И тие сметаат дека промената на временската зона позитивно ќе влијае кај луѓето. Ќе можат навреме да си ги завршат обврските и ќе имаат простор и за дружење, забава и спорт, пишува Сител.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1