Државниот секретар на САД Хилари Клинтон (65) вчера е хоспитализирана откако лекарите нашле дека има згрутчување на крвта во мозокот.
Според лекарите згрутчувањето е последица од потресот на мозок кој го имаше пред неколку недели. Клинтон истоштена и со тешки симптоми на грип се онесвестила и паднала по што доби потрес на мозокот.
Philippe Reines, од Стејт Департментот во официјална изјва вели дека таа во болницата NewYork-PresbyterianHospital во Менхетн добива терапија на анти коагуланти и ќе биде задржана 48 часа
Лекарите по сите испитувања ќе одлучат дали е потребен дополнителен третман.