Хилари Клинтон за едно предавање добива хонорар над 200 илјади долари


Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон која се повлече од функцијата во почетокот на месецот, за едно предавање ќе добива над 200 илјади долари, објави Тајм.

hilari-klinton-1342295964-185635Како државен секретар таа добиваше годишно по 186 илјади долари.

Њујоршката агенција Хари Вокер која се занимава со организирање предавања на познати личности, соопшти дека склучила договор со Хилари.

Првото предавање ќе и биде напролет. Тајм тврди дека дел од хонорарите ќе бидат пренасочени во добротворни организации.

Со таа агенција веќе 11 години соработува Бил Клинтон, сопругот на Хилари, и според американски медиуми, за тој период тој имал 471 предавање, со просечен хонорар од 189 илјади долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1