Сириски деца без раце и нозе и со тешки рани – потресни слики виделе во болница:


Во болницата во Рејханлију на југот на Турција сместени се ранети бегалци од Сирија. Има 70 ранети од кои неподвижни се 25, а најголем број се повредени деца. Хуманитарци од Босна и Херцеговина, кои zaвчера ја посетија оваа болница и бегалските кампови, призорите на настраданите деца ги потресоа до солзи.

sirija napad,jpg– Сите ние ја преживеавме агресијата на БиХ и сведочевме на ужасни несреќи и тажни слики, но ни се чини дека посетата на болницата во Рејханлију беше потешка од се што сме го виделе до сега – вели Дамир Фарук Сарачевиќ, кој со колеги од Здруженијата Солидарност, АХИ; Помози.ба и Мирис, се наоѓаат на границата на Турција и Сирија, каде донеле конвој со 42 тони хуманитарна помош.

– Не можевме да ги запреме солзите кога видовме деца од 7 или 8 години без нозе, во колички, или со други тешки рани – ни вели Сарачевиќ.

Во текот на zaвчерашниот ден босанските активисти доставија дел од помошта на бегалците во Рејханлију каде имаше 1.400 пакети за бебиња и деца и 1.500 ќебиња купени од парични донации на граѓаните на нашата земја.

Во колективниот центар, кој порано бил свадбен салон и нема никакви санитарни услови, се наоѓаат над 30 семејства со над 100 деца. На нив, вели Сарачевиќ, најпотребно им е да се изгради купатило за да можат децата да се капат. Исто така потребни се и ортопедски помагала за ранетите. Нашите хуманитарци, откако ќе се вратат во Сараево, Бихаќ и Зеница, ќе покренат акција за набавка на овие средства. Упатуваат повик до сите компании и поединци кои сакаат да се вклучат што поскоро да се јават.

– Народот на БиХ до сега покажа дека ја разбира маката на сирискиот народ, се јавија на апелите за помош, а ние се надеваме дека нема да се застане на ова и дека ќе бидеме во можност да помогнеме и повеќе – порачува нашиот соговорник и додава: – Не можевме а да не се сетиме дека пред 20 години ние бевме овие деца на кои едно чоколадо им е големо како брдо, а нова маичка или соодветни чевли им се мислена именка.

klix.ba

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1