Хирург оставил пациент насред операција – му завршила смената


Хирург од Клинчкиот болнички центар „Ребро“ во Загреб  оставил пациент за време на операција, бидејќи му завршила смената, а прекувремени часови, како што тврди, не му се плаќаат.

operacija– Почнав тешка операција на абдомен во 15 часот и оперирав до 20 часот. Операцијата не беше завршена, но мојата смена заврши. Бидејќи никој не ја плаќа мојата работа по завршување на смената, заминав од салата и операцијата ја продолжи мој колега. По три часа операцијата заврши, изјави хирургот, чиј идентитет хрватските медиуми не го објавуваат.

Тој тврди дека во последните три недели насред операција оставил неколку пациенти.

Причината за таквото неетичко однесување е новиот колективен договор, според кој, на лекарите им се воведени смени, а годишно им се признаваат само 180 часови прекувремена работа.

Лекарите тврдат дека не им се исплаќа прекувремената работа, додека хрватското Министерство за здраство наведува дека се им се плаќа.

Претседателката на Здружението на хрватските пациенти Марија Дрља е шокирана од информацијата дека некој од хирурзите заминува од сала со недовршена операција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1