Чудни маилови ми стигнуваат од постари жени – на Даниел тетки му нудат секс


На Даниел Кајмакоски дами во години му праќале пораки со сексуална содржина на кои тој не одговара, бидејќи моментално е фокусиран само на музичкот натпреварување.

daniel666За кусо време Даниел Кајмакоски стана многу популарен благодарение на шоуто Х Фактор, каде тој е најголем фаворит за победа, а колку припадничките на поубавиот пол го сакаат, покажува и фактот дека постари жени му нуделе секс преку социјалната мрежа Фејсбук. Тој добил неколку понуди со сексуална содржина, на кои не сакал да одговори.

-Даниел навистина е горд на своите фанови и се радува на секоја средба со нив. Меѓутоа, како што на многу познати личности им се случува, и тој добивал разно разни пораки на Фејсбук, но на вулгарните понуди не одговарал бидејќи сега бил фокусиран на натпреварувањето и сака да се докаже на тоа поле – изјавил за магазинот Ало! извор близок до Даниел.

И самиот Даниел дал изјава за овој таблоид.

-Имам 30 години и голем број од моите фанови се млади девојки кои ми покажуваат најискрено пријателство. Ама има тука и возрасни, постари кои ми пишуваат чудни работи за сексот на Фејсбук, но јас не сум глупав тоа да го прифатам, изјави Даниел за Ало! и додава дека се расплакал поради видео -клипот што му го направиле фановите.

-Само што го гледав клипот на интернет што го направиле моите фанови, и на кој се нивни слики како држат табла со одредени зборови и на крајот се добива целата приказна. Се расплакав додека го гледав тој клип, зошто навистина ми значи нивната поддршка. Инаку додека размислувам за сето што се случува, понекогаш ми се појавува солза. Тотално сум фокусиран на ова натпреварување и уживам во се што ми се случува – вели Даниел Кајмакоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1