Нов начин на слабеење-пилула која станува балон


Нов балон кој може да се проголта како капсула, започна да се продава во Велика Британија. Целта на овој нов вид на пилула, е да го пополни желудникот и да помогне во слабеењето

22012014164826_apce balonЗа разлика од другите балони, чие вградување се врши со операција, овде постапката трае десетина минути, пациентот ја голта пилулата со големина на стандардна капсула, а во неа се наоѓа издуван балон.

На капсулата се наоѓа цевче кое, откако ќе се проголта капсулата и ќе стигне во желудникот, балонот преку цевчето се надувува со големина на јаболка. Потоа цевката се вади а капсулата се топи.Балонот, кој од тој момент се наоѓа во желудникот создава чувство на ситост и со самото тоа, луѓет помалку јадат и губат тежина.

Триесет дена по првата постапка, пациентите добиваат нов балон, но постои можност да добијат и трет по 60 дена, во зависност од тоа колку килограми треба да изгубат.На крајот на лекувањето, неколку месеци подоцна, издуваните балони се елиминираат со амбулантна постапка.Пациентите не можат да го задржат балонот во себе, повеќе од 90 дена.

Експертите тврдат дека ова е безопасно и дека помага во губењето на килограми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1