Хирурзи со супер лепак во мозокот – спасиле живот на мало бебе (Видео)


Минатата среда тимот лекари се решиле на до сега невидено нешто – да употребат капка супер лепак да залепат анеуризма која прокрварила во мозочето на три неделно бебе!

bebe lepakНа ова морале да се решат бидејќи не постојат толку мали хируршки инструменти со кои може да се оперира толку мало бебе. Детенцето Ешлин Џулијан било однесено во болница во Канзас сити откако одеднаш дома почнало да вриска и повеќе пати да повраќа. Лекарите откриле анеуризма во мозокот на детето.

Но, тоа толку ретко се случува кај мали бебиња што не постојат толку ситни хируршки инструменти кои би можеле да се употребат во операција на толку мало бебе. Во крајно итна ситуација, тимот на Д-р. Еберсол решил да се обидат со хируршки супер лепак.

Преку најмал катетер со микро жица до оштетениот крвен сад пренеле мала капка супер лепак. Лепакот се исушил за некоја секунда и формирал „внатрешен калап“ кој ја запечатил анеуризмата.

Малото бебенце, по овој ризичен но успешен потег на лекарите, кој бил единствената шанса, преживеа и добро се опоравува!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1