За само пет години повеќе од две илјади Американки почнале со вбризгување на инекција колаген во „Г-точката“, водени од желбата да имаат успешен сексуален живот. На тој начин, „Г-точката“ им е зголемена за 24 милиметри, што е, кажуваат упатените дами – пат до експлозивен оргазам.
Лекарите од Институтот за вагинално подмладување во Лос Анџелес, под локална анестезија вбризгуваат колаген, процедурата е готова за само половина час, додека на сексуалниот однос мора да се почека најмалку четири часа.
Меѓутоа, постапката мора да се повторува на секој четврти месец , но пациентките тврдат дека сексуалниот живот им е подобрен по инекцијата од колаген.
-Целта ни е да помогнеме и да ги охрабриме жените, за да се чувствуваат многу подобро во сопственото тело. Но, понекогаш им е тешко на луѓето да го прифатат тоа, затоа што ова не е типична пластична операција, по што се гледаат директни резултати – рекол гинекологот Дејвид Матлок.
Освен во САД, овие инекции се вистински хит и во Велика Британија.