Хитлер се врати во Германија – Истекоа авторските права за Мајн Кампф


Нацистичкиот манифест Мајн Камп на Адолг Хитлер од првиот ден во 2016 година може да се купи во слободна продажба по 70 години, пишува BBC.

Печатењето на книгата на Хитлер беше забранета по Втората светска војна од страна на баварската влада, која ги имаше авторските права на Мајн Кампф.hitler main kampf

Авторските права истекоа по 70 години и германскиот Институт за современа историја ќе објави ново издание следната недела.

Во новото издание ќе има илјадници фусноти научници, со кои ќе се настојува да се покаже дека Мајн Кампф не е моќно и заводливо, туку неповрзано и лошо напишано дело.

Експертите сметаа дека ова ќе помогне да се разберат многу работи што се имаат случувано за времето на нацистите.

Многу еврејски групи го поздравија новото издание и сметаат дека со него ќе се објасни холокаустот.

Мајн Кампф е објавен во 1925 година, многу порано пред Хитлер да дојде на власт. По поразот на нацистичка Германија, сојузничките сили авторските права на книгата и ги доделија на сојузната покраина Баварија.

Баварските власти одбија да печатат нови изданија од страв дека ќе поттикнат омраза, иако Мајн Кампф во нацистичко време беше отпечат во огромен број примероци и не беше проблем да се дојде до копија и по војната.

Според германскиот закон авторските права истекуваат 70 години по што сите издавачи имаат слободен пристап до оригиналниот текст.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1