Почна да паѓа првиот снег во Скопје (Фото)


Скопје почна да побелува. Попладнево почна да паѓа и првиот снег годинава во главниот град.

Снег има и во западните делови од земјата, односно Тетово, Пожаране, Маврово, како и во Берово.novo lisice sneg2

Од УХМР информираат дека врнежите од снег ќе се задржат до утре попладне кога температурите ќе се зголемат и внржите од снег ќе преминат во дожд.

Од утрово на пониските делови врне дожд, а во Скопје на Зајчев Рид проверувај снег.

Во крајните западни делови на земјава, се очекува да се формира или да се зголеми за околу 25 сантиметри нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.novo lisice sneg

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од минус два до четири.

Во следните денови ќе следи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Повремено интензитетот на врнежите ќе биде обилен. На некои повисоки места и на планините ќе има врнежи од снег.

Стабилизирање на времето се очекува од петок.novo lisice

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1