Хоџа се огласи на Фејсбук: Добив функција во Владата за да преживеам


Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене.

Ова го напиша денеска Џезаир Шакири или познат како командант Хоџа на својот Фејбук профил, откако во медиумите излезе веста дека тој е нов советник на Заев, за што Владата немаше одговор.

– Откако Заев победи на последните парламентарни избори имавме еден политички договор, јас да го ослободам Танушевци и тој да ми обезбеди владина функција блиску до него, како гаранција за мојата безбедност. Фактички, Заев направи математика да ме приближи до себе и да нема никакви проблеми. Јас не сум направил договор со Заев за гласови и очекувам овој договор премиерот да го испочитува, стои во напишаното на Хоџа на фејсбук.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1