Воената разузнавачка служба на Холандија соопшти дека спречила руски хакерски напад врз Организација за забрана на хемиско оружје со седиште во Хаг.
Операцијата била планирана од разузнавачи на руската воерна разузнавачка служба соопшти министерката за одбрана Анк Бејлевелд. Во врска со случајот четворица Руси се протерани од Холандија.
Во меѓувреме и британските и австралиските власти ја обвинија руската воена разузнавачка служба за бранот сајбер напади врз политички и спорти институции, компании и медиуми во светот.