Холандска одбојкарка убиена и закопана покрај пат (Фото)


Ингрид Висер ја одбележа холандската одбојка во изминатите 18 години, оствари рекорден број на настапи за репрезентацијата, а само што ја заврши кариерата, заврши и  нејзиниот живот со убиство.Веста во Холандија одекна како бомба, а по истрагата во Шпанија веќе се приведени две лица.

viserЛегендарната одбојкарка со 514 настапи за националниот тим со својот 21 година постар, невенчан сопруг живееле во близина каде и се случило убиството. Таму Ингрид играла две сезони пред да замине во пензија во 35. година од животот, а се вратила за да почне процес за вештачко оплодување. Но, таму не се појавила на закажаниот термин, а со оглед на тоа што двојката не се качила на летот за Холандија, почната е полициска истрага која по една недела резултирала со наоѓање на двете тела покрај еден локален пат.

“Ни рекоа само дека се најдени двете тела. Веќе се идентификувани, а официјално соопштение ќе објавиме подоцна”, изјави портпаролот на семејството Висер, Мирјам ван де Велде.

На објавените фотографии се гледа местото каде се закопани двете лица.Инаку, Висер беше дел од холандската репрезентација која триумфираше на Европското првенство во 1995 година, а во Мурсија играше од 2009 до 2011 година.

Sport Klub

viser1

viser3

indgrid1-500

viser

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1