Паника: Бубашвабите мутирале – не реагираат веќе на познатите стапици


Верувале или не, лебарките го „реорганизираат“ своето чувство за вкус, како и ја развиле нетолеранцијата кон гликозата, за да ги избегнат човечките замки, тврдат научници од Универзитетот во „Северна Каролина“.

bubasvabaЕден вид на бубашваби во Европа еволуирале за да ги надмудрад замките кои луѓето ги поставуваат, како би ги уништиле.
Американските научници откриле дека овие мутанти имаат „реорганизиран“ вкус, така што гликозата, која што обично е обложена со отров против инсектите, за нив има горчлив, а не како претходно, сладок вкус.
Истражувачите од Универзитетот „Северна Каролина“ пред 20 години приметиле дека поедини служби за уништување на штетници не можат да се изборат со бубашвабите затоа што едноставно одбиваат да ја јадат мамката.

Како што објаснил доктор Коби Скал, во списанието „Наука“, новите истражувања покажуваат дека однесувањето на инсектите резултирало со „нервни механизми“.

Во првиот дел од експериментот, истражувачите на гладните лебарки им давале два вида на храна, путер од кикирики и џем.
„За разлика од путерот од кикири, џемот има високо ниво на глукоза“, објаснил доктор Скал.
„Се забележува дека лебарките мутанти, кои што се нафрлени на џемот, откако ќе го пробаат, бегаат од истиот, а потоа се лепат на путерот од кикирики“, објаснува доктор Скули.

buba„Во вториот дел од експериментот, тимот на експерти, уепсал да ја разбере причината поради која бубашвабите го одбиваат џемот.

Научниците со помош на мали електроди ја следеле активноста на рецепторите за вкус кај бубашвабите, односно клетките кои реагираат на вкусот, а се содржани во микроскопските влакна во устите на инсектите.
„Клетките кои вообичаено реагираат на горчливо, реагираат и на гликозата, што значи дека на лебарките, џемот им имал горчлив вкус“, тврди доктор Скал.
Во контакт со гликозата, тие реагирале како бебе кое со гадење кое го плука спањакот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1