Холандски научник: Калифорнија ќе биде срушена од земјотрес, а Јапонија од цунами


Холандскиот научник Френк Хиргебитс предупредува дека Калиорнија најверојатно ќе биде под море, а ако се случи тоа Јапонија ќе биде уништена од огромен бран, каков што не може ниту да се замисли.

Видеото на овој научник предизвика големи контроверзи.

До овие сознанија дошол користејќи ја програмата под името „Solar System Scope“.cunami

Открил дека земјотрес од 9,8 степени по Рихтер ќе ја задрма Калифорнија, во моментот кога најмалку пет планети ќе се стават во иста линија со Земјата, односно кога ќе дојде до таканаречено планетарно порамнување.

Тоа според него ќе допринесе за порамнување на Земјата и Месечината што ќе доведе до промена во гравитацијата, а на крајот да придонесе за природни катастрофи како земјотреси.

„Бидете внимателни и имајте на ум план за бегство“, им порачува Френк на жителите на Калифорнија.

Геолозите од добар дел од светот неговите тврдења ги нарекоа глупи, додавајќи дека такво сценарио речиси и да е невозможно да се случи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1