Холанѓанец без нога пливаше на охридскиот маратон: “Животот е убав”


Корнелијас Јоханес од Холандија без една нога викендов пливаше на охридскиот маратон, а ова е прв пат лице со инвалидитет да учествува на манифестацијата, пишува Охриднет.

Холанѓанецот, кој ја изгубил ногата во тешка сообраќајна несреќа, покажа дека физичките недостатоци не мoра да бидат препрека за големи подвизи.

– За човек како мене, со протеза, без една нога мора да се вежба секоја недела од четири до осум часа. Во спротивно нема да може да се плива. Ова е многу долга дистанца јас вежбав секој ден на помало растојание. Колку е подолга дистанцата толку повеќе треба да се вежба, вели тој и додава дека животот е убав.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1