Германија: Насилни протести откако мигранти убија Германец


Најмалку шест лица се повредени откако се судрија демонстранти на екстремната десница и левица во Кемниц, на истокот на Германија.

На собирот на екстремната десница имало околу 2 000 луѓе, а на спротивниот околу 1 000 припадници на екстремната левица. Полицијата навела дека не мобилизирала доволно луѓе за да сречат судир на демонстрантите кај споменикот на Карл Маркс.

Десничарите извикувале дека Ангела Меркел мора да си замине и носеле транспаренти на кои пишувало „Запрете го мигрантскиот бран“.

На собирот на левицата имало транспаренти на кои пишувало „Менуваме расисти за бегалци“.

Протестите беа предизвикани откако во неделата на градски фестивал со нож беше избоден 35-годишен Германец кој почина во болница. Под нејасни околности беа повредени уште две лица, а уапсени беа 22-годишен Ирачанин и 23-годишен Сириец. Полицијата не соопшти детали за убиството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1