Холанѓанка пронајдена мртва во комплексот „Свети Стефан“ во Охрид


Во комплексот Свети Стефан вчера попладне непознато женско лице било пронајдено починато.

Од полицијата информираат дека истото со возило било префрлено во Центарот за кардиоваскуларни болести во Св.Стефан каде доктор констатирал смрт над лицето без видливи траги на насилство.svr ohrid

-Од увидна екипа екипа на СВР Охрид бил извршен увид на местото на настанот и било констатирано дека се работи за Ф.С. (35) од Холандија, која престојувала во хотел заедно со нејзиниот сопруг Д.Х.Х. (43) од Холандија. По наредба на Јавен обвинител бил извршен увид и во собата во која престојувала починатата, информираат од полицијата.

Во текот на денешниот ден над телото на починатата ќе биде извршена обдукција во Медицински центар Битола, Оддел за судска медицина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1